Основното правило е дека еден корисник може да управува (логира) само еден тим. Во ниту една околност не е дозволено еден корисник да управува со повеќе од еден тим (дури и ако некој корисник, на пример, замине на одмор, не смее да „му го довери“ тимот на друг корисник, бидејќи повторно тоа значи дека управува со повеќе од еден тим).
Понатаму, дозволено е од еден компјутер/конекција да се логираат повеќе различни корисници*. Помеѓу таквите корисници строго е забрането тргувањето. Тоа значи дека и да е трансферот по „легална сума“ тој може да биде прогласен за нелегален, а корисниците казнети. Свесен сум дека ова помалку звучи дискриминаторски, но ве молам погледнете ја трансфер листата и ќе видите дека на неа секојдневно има огромен број побарувања/понуди на играчи кои се доволни да ги задоволат апетитите на секој корисник, така што ваквите корисници не се во ништо полоша позиција од останатите.
На прашањето што ако ваш играч биде купен од тим кој се логирал од иста конекција, а вие за тоа не сте свесни, ќе ви одговорам дека администраторите на ББ имаат софистицирани алатки преку кои многу лесно можат да утврдат дали некој трансфер е легален или не. Дополнително, доколку забележите дека имате понуда/или сте продале играч по нереално висока сума, должни сте да го пријавите овој трансфер на администраторите.
Сето ова (и уште повеќе) можете да го најдете во Правилата на играта:
/community/rules.aspx?nav=RulesOfConduct, правилата на однесување на форумите
(143464.1) и Важното соопштение објавено на
(114700.1). Почитувајте ги овие основни правила и нема причина да стравувате за вашиот тим. Тоа е најдобриот совет кој можам да ви го дадам.
*Правете разлика помеѓу поимите корисници и тимови. Администраторите на ББ многу лесно можат да направат разлика кои се различни корисници кои се логираат од ист компјутер/конекција, а кои се различни тимови зад кои стои еден корисник.
Еве и неколку теми на Help English форумот кои бараат одговори на слични прашања:
(35047.1)(153958.1)Од нив ќе цитирам само еден дел:
Корисник 1: Дали е забрането да се има втор тим во ББ?
Корисник 2: Секогаш можеш да имаш „член од семејството“ кој се логира на ББ од твојот компјутер ;)
ББ-администратор: Најстрого препорачувам да не го користите советот на Корисник 2. Тоа е фантастичен начин на крај да завршите со нула тимови.
Мислам дека е крајно време ова поглавје од нашата серија прашања за правилата на играта да го затвориме и да ја оставиме оваа тема отворена за прашања како овие
(145214.2).