Би сакал да го демантирам тврдењето дека не е дозволено играње на играта од ист компјутер/конекција со друг корисник. Нормално дека може повеќе различни индивидуи да играат од иста ИП адреса. Правилото е едноставно, не е дозволено еден корисник да управува со повеќе од еден тим. И толку. Доколку знаете дека заедно со вашиот тим од иста конекција се логираат и други тимови слободно пријавете се самите себе си и наведете ги тие тимови. Администраторите ќе го имаат тоа во предвид кога ќе ја разгледуваат вашата пријава.
Правилото еден корисник - еден тим е фундаментално и непроменливо во ББ. Ве уверувам дека докрај ќе го следам ова правило и на корисниците од Македонија ќе се обидам да им овозможам што е можно пофер терен за натпреварување - натпреварување помеѓу различни индивидуи, а не против повеќе тимови на еден корисник.
Тврдењето дека поради однесувањето на „главните од играва“ е направен хаос во сите лиги го отфрлам како чиста шпекулација. Истрагите околу активностите на корисниците се достапни за сите ГМ од целиот свет - на пример истрагите кои јас ги водам може лесно да ги прегледа некој ГМ од Боливија и тој да каже дека се согласува или не се согласува со моите аргументи. На тој начин се ограничува „самоволието“ и се потенцира тимската работа помеѓу администраторите со цел конечното решение да биде правилно.
На крај, наместо дебатирање на оваа тема, не е премногу лоша идеја да се прочита ова „лепливо“ соопштение објавено на нашиот форум уште од 10/7/2009
(114700.1). Ова соопштение сеуште важи. (Нека не ви создава забуни точката 2. Некои корисници кога ќе ја прочитаат оваа точка, комплетно ја занемаруваат точката 1 и мислат дека всушност можат да регистрираат и управуваат со повеќе тимови доколку не вршат трансфери меѓу нив. Ве уверувам, тоа е мамење и се казнува исто како што пишува во точката 1.). Значи наместо вакви дебати, да ја оставиме оваа тема за конкретни прашања и одговори од корисниците.
Last edited by Onisifor at 8/14/2010 11:04:27 PM