Во очекување на твојата одлука дали ќе се кандидираш повторно за селектор на сениорите или не, ти давам целосна подршка во случај да се решиш да продолжиш и следните две сезони. Очекувањата можеби беа нешто поголеми од тоа што го постигна но немаше среќа, тешки противници, лош распоред, слаб избор на играчи што ги имаме итн. Тактиката беше малку утната против Алжир но за среќа победивме. Против Германија маестрална тактика и победа, секоја чест за ова. Штета што Венецуела ни одигра мотивирано и ни откина уште една победа но тоа веќе не е твоја вина, а која е причината поради која така одиграа, мислам дека видоа шанса за победа против нас откако претпоставиле дека малку се истршивме против Германија. Финска би требало да ти биде најболна средба, колку што ние ја утнавме тактиката толку они ја погодија, претпоставувам дека мораше да ризикуваш бидеќи тоа беше единствениот начин да се победи многу поквалитетен противник од нас. Против Кипар исто така добра тактика од наша страна, уште да ризикувавме со опуштен пристап ќе беше идеално. Останатите натпревари во рамките на очекувањата и можностите.
И на крајот нормално за подобри резултати и иднина на нашиот НТ ни требаат подобри играчи, па момци тренирајте Македонци со сите сили ;)