2. Анализа на стратегијата
Ке одиме средба по средба.
Литванија - Прво коло, во гости, против многу силен состав. Се одлучивме за минимизирање на поразот и собирање на ентузијазам.
Алжир - Домашниот терен и инфериорниот но уникатен тим на Алжир даде шанса за мал експеримент со тактиката иако попатно собиравме ентузијазам. За жал доста лошо се покажа оваа тактика, што заради мотивираноста на противникот, што заради очигледно слабиот капацитет на составот за вакви тактики.
Германија - Увидовме шанса за победа против голем тим и го искористивме домашниот терен да ја совладаме. Можеби можеше да се победи и со штедење на ентузијазам откако ќе се погледне покасно средбата но сепак не ни беше до ризик дојдено и отидовме на Нормал по првпат сезонава.
Венецуела - Најболната средба во сезоната. Венецуела беше во одлична форма, во пресрет на средбата заради што се одлучивме да се оди на "посигурно" и Нормал залагање. За жал Венецуела неразјасниво ни одигра мотивирано на нивни терен што е смртоносна комбинација и против многу посилни тимови од нашиот. Зошто така одиграа уште не ми е јасно, буквално си ја уништија цела сезона со овој потег. Предадоа еден куп средби само за да не победат нас.
Србија - На гости против исклучително силната селекција на Србија решивме да се штедиме за продолжението на утешниот турнир бидејќи и онака не гледавме шанси за победа. На крај доживеаме релативно тесен пораз.
Финска - Многу силна селекција која моравме да ја победиме ако сакавме топ 32 пласман. Истовремено не смеевме да играме мотивирано бидејќи така немаше а може да ги победиме следните средби па се решивме за нормално залагање со рискантна тактика. На крај испадна катастрофа откако, како што кажа финскиот селектор тие исто така барале рискантна тактика со која ќе пробаат да победат штедејќи ентузијазам. Би рекол многу среќно испадна нивната тактика совршена, а нашата катастрофална. И нормално резултатот беше пораз.
Кипар - Заради опасноста Кипар да игра мотивирано, се решивме за малку посигурна варијанта и нормално залагање. Сомнежите се покажаа правилни но сепк извојувавме релативно сигурн победа.
Украина - Отидовме на се или ништо во последната средба иако бевме во гости и против доста силен состав. Резултатот сепак пораз.