3. Играчи
Генерално формата на играчите сезонава беше задоволителна со неколку исклучоци. Ognjankovski воопшто не заигра заради катастрофалната форма, а Lazarov се приклучи дури при крајот. J. Vidinovski одигра малку но генерално беше неупотреблив. На раб на повик беа неколку репрезентативци кои заради моментални потреби и сплет на околности не беа повикани, но можеби ќе бидат повикани идната сезона, особено ако во меѓувреме напредуваат. Пред се тоа се: Mojsovski, Pangov, Lazov, Gurol, Arnaudovski, Stefanovic, Chashule, Nastev, Blazev и Nikolovski. Некои од нив веќе се планирани за идната сезона да понесат дел о товарот.
Ситуацијата во нашиот состав е таква што реално имаме 5 играчи спремни за да бидат во ротацијата на успешен NT состав и тоа: Cherepnalkovski, Miloshevski, Chanov, Foniqi и Potera. Нивото на овие играчи треба а биде минимум за репрезентативец, што значи треба да имаме барем 20 вакви а не 5.
Имаме и неколку корисни специјалисти: Veseli, J. Vidinovski, D.Vidinovski
Играчи кои се во постојан напредок и на пат да се приклучат кон големата 5торка: Manevski, Ignjatov
Стабилни репрезентативци: Mumcu, Zhupanoski, (Ognjankovski)
На раб на повикување/отповикување: Kaniye, Lazarov, Zyka, Georgiev
Има поголем број на млади или релативно млади играчи кои може да стигнат до NT ниво меѓутоа на сите нив им е потребно уште тренинг. Јас пак ќе порачам: тренирајте МАКЕДОНЦИ!!! За тренирање на репрезентативец се потребни барем 5-6 сезони редовен еднопозициски тренинг и потенцијал најмалку 8, а препорачливо 9 или повеќе. А верувајте ми се исплаќа да тренирате квалитетно и тоа македонци и за вашиот тим.
Од голема помош е фактот што добар дел од нашите репрезентативци во моментов за среќа се во македонски клубови кои им овозможуваат одржување на добра форма во текот на целата сезона. 8 форма е минимум во секоја недела за секој репрезентативец.
4. Поглед кон сезона 18
Идната сезона целта ќе биде да се поправи лошиот впечаток од оваа сезона. Амбициите повторно ќе бидат високи и тоа пласман во топ 32 на утешниот турнир. Нема да бие воопшто лесно, но да се надеваме на поволна ждрепка, бидејќи успесите во голема мера зависат од неа. Исто така ќе се интегрираат во тимот уште некои нови млади таленти кои полека стигнуваат до НТ ниво.
Во изработка е и база на играчи репрезентативци од сите селекции во BB. За ова пред се сакам да им се заблагодарам на bobans и dimac кои ја започнаа и ја водат оваа акција. Секој кој сака да помогне во оваа доста опсежна работа е добредојден.
Доколку имате прашања од било каков тип, слободно поставете ги ќе одговорам на сите.
Last edited by Xsago at 11/1/2011 1:06:53 PM