Има ли поубав момент од моментот кога во петок ќе го провериш твојот состав и ќе видиш дека некој играч добил подобрување во некоја вештина? Има! Тогаш кога повеќе играчи напреднале и тоа на повеќе вештини! :)
Оваа тема е за сумирање на резултатите од тренингот. Постирајте тогаш кога ќе се случи „убавиот момент“.
Како би изгледал постот?
На пример ако имате тренер ниво 5 и добиете две зелени стрелки на надворешна одбрана кај двајца играчи, вие пишувате:
2 зелени стрелки на надворешна одбрана кај двајца играчи. Тренер ниво 5.
Може ако сакате да наведете и колку позиции сте тренирале. Тогаш постот би изгледал:
2 зелени стрелки на надворешна одбрана кај двајца играчи. Тренер ниво 5, тренинг. Тренинг една позиција
Јас мислам дека оваа тема ќе биде забавна. Хрватите веќе долго време користат ваква тема и се покажа како доста забавна, но и успешна. Зошто успешна? Затоа што менаџерите можеа да направат споредба помеѓу тоа како напредуваат тие, а како другите менаџери. Можеа да споредат како се развиваат нивните играчи со еден тип на тренер во однос на менаџери со друг тип на тренер. И оттука менаџерите си вадеа заклучоци. Што да направам за и јас да добијам брз напредок на играчите? Дали да купам нов тренер? Дали наместо да тренирам две позиции да се префрлам на тренирање на една? Дали да ги продадам постарите играчи што ги тренирам и со тие пари да купам нови, помлади, и со поголем потенцијал? Верувам дека оваа тема ќе даде одговор токму на тие прашања.
Па, да започнеме и да се забавуваме.